Регулатива
Западен Балкан
Без призната квалификација
Траење на процес
~2–3 месеци
Ако има активна понуда
Минимална плата
13.90 €/час
Од 01.01.2026, може и повеќе
Посредување
Бесплатно
Нашата работа ја плаќа работодавачот
за регулативата
Што е Регулативата Западен Балкан?
Регулативата Западен Балкан (Westbalkanregelung) е посебна германска регулатива која овозможува државјани од земјите на Западен Балкан да работат во Германија без призната професионална квалификација, доколку имаат конкретна понуда за работа од германски работодавач и ги исполнуваат условите за национална работна виза.
Регулативата важи за речиси секој тип на вработување. Исклучок се регулирани професии (лекари, медицински персонал и слично) каде законски е потребно признавање на диплома.
Регулативата важи за државјани на следните земји:
услови
Кој може да аплицира?

Со европски пасош
Доколку имате европски пасош, процесот е значително поедноставен. Разгледајте ги моменталните работни позиции и контактирајте не директно.

Без европски пасош
Процесот оди преку Westbalkanregelung. Потребна е национална работна виза издадена од Амбасадата на Германија во Скопје. Контекст ве води низ целата постапка.
Основни услови за аплицирање: државјанство од земја на Западен Балкан, конкретна работна понуда од германски работодавач, важечки пасош и потребна документација, основно познавање на германски или англиски јазик.
Кандидати со наполнети 45 или повеќе години
За оваа категорија важат дополнителни услови според германската регулатива. Обично мора да се докаже доволно висока бруто-плата според германските законски прагови или соодветно пензиско обезбедување.
Затоа, за кандидати со наполнети 45 години не можеме однапред да потврдиме дека секоја работна позиција е соодветна за виза. Потребно е прво да се провери:
- возраста на кандидатот
- понудената бруто-плата
- работната позиција и работодавачот
- дали условите одговараат за апликација за виза
За кандидати под 45 години постапката е поедноставна, но и таму секогаш зависи од договорот, работодавачот и одобрувањето од германските институции.
Контактирајте не за индивидуална проверка на вашиот случај.
плата и јазик
Плата и јазични барања
Платата не е иста за сите кандидати — зависи од работната позиција, работодавачот, квалификациите, искуството и познавањето на јазик. Законската минимална плата во Германија од 01.01.2026 изнесува 13.90 € бруто по час и ќе се зголеми на 14.60 € од 01.01.2027. За позиции со искуство или подобро познавање на германски, платата може да биде значително повисока.
За долгорочна работа во Германија потребно е кандидатот да има основно познавање на германски или добар англиски јазик. Предност имаат кандидати со германски јазик од А2 ниво нагоре. Кандидати кои не зборуваат ниту германски ниту англиски не можеме да ги вклучиме во процес — комуникацијата со работодавачот, институциите и секојдневниот живот во Германија бараат минимум јазична подготвеност.
работни позиции
Сектори и позиции
Работните понуди зависат од моменталните потреби на германските работодавачи и од профилот на кандидатот. Контактирајте не за актуелни понуди.
Угостителство и ресторани
Кафетерии и ресторани за брза храна
Контекст е договорен партнер на големи ланци на ресторани за брза храна, аеродроми, супермаркети, хотели, магацини, фабрики и многу други работодавачи од различни бранши. Работните понуди се менуваат — контактирајте не за актуелни позиции.
процес
Kako функционира?
Времетраењето зависи од тоа дали во моментот има активна работна понуда за профилот на кандидатот. Ако има соодветна понуда и документацијата е комплетна, процесот најчесто трае 2–3 месеци. Ако нема моментално отворена позиција, кандидатот останува во база и се контактира кога ќе има соодветна можност.
1
Кратка апликација и контакт
Пополнуваш кратка апликација на сајтот. Тимот те контактира во рок од 24–48 часа за разговор за профилот, искуството и јазичното ниво.
2
Детална апликација и CV
Ако одговараш, добиваш линк до детална Google форма и помош при подготовка на CV на германски јазик.
3
Избор на работна позиција
Заедно одлучуваме која работна позиција и локација најдобро одговараат на твоите желби и профил. Те предложуваме на работодавачот.
4
Vorabzustimmung
Работодавачот поднесува барање за Vorabzustimmung (предодобрение) до Bundesagentur für Arbeit. Ова значително ја забрзува визната постапка.
5
Термин за виза — VisaMetric
По добиено предодобрение, закажуваш термин преку VisaMetric Скопје. Контекст го комплетира целиот пакет на документи за терминот.
6
Виза и обука за први чекори
По одобрена виза, доаѓаш во Контекст. Поминуваме обука за први чекори во Германија — административни обврски, права, практични информации.
7
Авиобилет
Купуваш авиобилет во претходен договор со Контекст — датумот на заминување се усогласува со работодавачот.
8
Контекст те најавува кај работодавачот
Контекст официјално те најавува кај работодавачот — координација на датумот на почеток, работното место и сите детали.
9
Заминуваш
Подготвен/а, информиран/а и со сите документи — заминуваш за Германија.
Важно — сместување
Доколку работодавачот не нуди сместување, кандидатот е должен самостојно да бара. Контекст дава детални инструкции за наоѓање сместување, врши проверка на валидноста на најденото сместување и дава зелено светло за резервација. Доколку Контекст има контакти од претходни сместувања, ги предлага на кандидатот без обврска.
Контекст е агенција за вработување — не туристичка агенција. Помага на кандидатите со информации и проверка, но не врши услуга на сместување.
документација
Потребна документација
Документите за долгорочно вработување се поразлични од студентската и сезонската работа — поради националната работна виза и подолгорочниот престој. Документите кои не се на германски јазик треба да бидат преведени.
1
Пасош и биометриска фотографија
Важечки пасош и биометриска фотографија за визен формулар.
2
CV на германски јазик
Контекст помага при подготовката на CV. Доколку немате, можете да го изработите преку нашата веб-страница.
3
Пополнет визен формулар и изјави
Формулари и изјави според барањата на Амбасадата и VisaMetric. Контекст го комплетира целиот пакет.
4
Доказ за работно искуство и дипломи
Доколку имате работно искуство или релевантни дипломи/сертификати за позицијата — се приложуваат. Преведени на германски.
5
Од работодавачот: Arbeitsvertrag и Vorabzustimmung
Работодавачот обезбедува работен договор, Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis и Vorabzustimmung од Bundesagentur für Arbeit.
6
Национална работна виза
По одобрување на Vorabzustimmung, кандидатот закажува термин преку VisaMetric Скопје и поднесува барање за национална работна виза. Контекст го комплетира целиот пакет на документи за терминот.
Заштита на лични податоци
Сите документи и лични податоци кои ги доставувате во рамки на апликацијата се обработуваат, архивираат и уништуваат во согласност со Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.
нашата филозофија
Контекст не е за сите. И тоа е во ред.
Во Контекст не посредуваме само работни понуди. Ние поврзуваме сериозни луѓе со сериозни работодавачи во Германија. Не продаваме соништа — работиме со реални позиции и реални можности.

Какви кандидати бараме?
- ✔ Луѓе кои сакаат да работат — не само да заминат
- ✔ Кандидати кои разбираат дека Германија бара дисциплина и одговорност
- ✔ Лица со соодветно јазично познавање
- ✔ Флексибилни за локација и реални во очекувањата
- ✔ Финансиски и психолошки подготвени за нов почеток
- ✔ Искрени и транспарентни апликанти

Што ние нудиме?
- ✔ Проверени и реални работни понуди
- ✔ Професионална комуникација со работодавачите
- ✔ Јасни и транспарентни информации за условите
- ✔ Поддршка низ целиот процес
- ✔ Бесплатно посредување за сите актуелни позиции

Што очекуваме од вас?
• Точни и вистинити информации
• Трпение во процесот
• Почитување на договорените услови
• Реални очекувања за квалификациите
• Флексибилност за локација
• Сериозна намера за работа
Не ветуваме невозможни работи.
Не продаваме илузии.
Работиме професионално, транспарентно и одговорно.
Ако сте сериозни — ние сме тука.
Ако барате лесен пат — ние не сме вистинската адреса.
Спремен/а сум — аплицирај
видео
Погледни го процесот
▶️
Контекст — Сериозни кандидати
Видеото ќе биде достапно откако ќе биде качено на YouTube или Vimeo
прашања
Честo поставувани прашања
Дали вработувањето е неограничено?
Долгорочното вработување не е ограничено на 90 дена како студентската работа. Траењето зависи од работниот договор, визата и дозволата за престој. Работниот договор може да биде на определено или неопределено време, а престојот се регулира и продолжува во Германија доколку се исполнуваат условите.
Колку трае процесот?
Ако има активна работна понуда за вашиот профил и документацијата е комплетна, процесот најчесто трае 2–3 месеци. Доколку во моментот нема отворена позиција за конкретниот профил, кандидатот останува во база и се контактира кога ќе има соодветна можност.
Дали треба да знам германски јазик?
Да — за долгорочна работа е неопходно основно познавање на германски или добар англиски јазик. Предност имаат кандидати со германски А2 нагоре. Кандидати кои не зборуваат ниту еден странски јазик не можеме да ги вклучиме во процес.
Дали е потребна призната квалификација?
Не — Регулативата Западен Балкан овозможува работа без призната квалификација за повеќето позиции. Исклучок се регулирани професии (лекари, медицински персонал) каде е потребно признавање на диплома.
Дали е бесплатно?
Да. Нашата работа ја плаќа работодавачот — без провизија за кандидатот. Кандидатот самостојно ги сноси личните трошоци (виза, патување, сместување).
Контекст работи во согласност со
IRIS стандардите за одговорно регрутирање — фер, транспарентна и законски усогласена постапка за секој кандидат.
Каква виза е потребна?
Потребна е национална работна виза за Германија. Процесот: работодавачот аплицира за Vorabzustimmung, по добивање кандидатот закажува термин преку VisaMetric Скопје и поднесува барање за национална виза. Контекст го комплетира целиот пакет на документи.