Траење
90 дена
Календарски, од влез во Германија
Возраст
18–30 год.
Редовни студенти
Плата
13.80–15 €/час
Зависи од работодавачот и позицијата
за кого е програмата
Кој може да аплицира?
Програмата е наменета за сите редовни студенти на возраст од 18 до 30 години кои имаат основно познавање на германски јазик или разговорно ниво на англиски јазик и се во можност да работат максимум 90 календарски дена за време на официјалниот летен распуст пропишан од факултетот на кој студираат.
Периодот зависи од официјалниот летен распуст на вашиот факултет — најчесто студентите започнуваат со работа од 15 јуни или 1 јули. Програмата трае 90 дена од моментот на влез во Германија.
заработувачка
Колку можете да заработите?
Минималната плата во Германија моментално изнесува 13.80 €/час. За студентски позиции платите се движат од 13.80 до 15 евра по час во зависност од работодавачот, локацијата и типот на работа.
Конкретен пример — McDonald's
Бруто плата: 13.90–14.25 €/час · зависи од локацијата на ресторанот
Дневно бруто (8 часа)
111–114 €
Неделно бруто (40 часа)
556–570 €
За 90 дена (проценка)
~3.600–4.500 €
⚠️ Вредностите се приближни — пресметани за редовно работно време (40 часа неделно). Ноќни смени, празници и прекувремени часови се наплаќаат дополнително, па вистинскиот износ може да биде поголем.
★ Предност за студенти: Плаќате само персонален данок во даночна класа 1 — значително повисока нето плата отколку редовен вработен.
Трошоци на студентот:
• Патничко и здравствено осигурување за 90 дена
• Сместување — 15 до 20 евра дневно
• Карта (превоз до Германија)
• Санитарна потврда — 25–30 евра (за работа во ресторани и со храна)
• Евентуален судски превод на потврдата за редовен студент (~500 ден.)
Нашата работа ја плаќа работодавачот — без провизија за студентот.
работни позиции
Најчести работни позиции
Кафетерии и ресторани за брза храна
Чистење (Gebäudereinigung)
сместување
Сместување во Германија
Сместувањето е обврска и одговорност на самиот студент. Контекст не е туристичка агенција и не врши услуга на сместување — дава исклучиво поддршка и помош.
Конкретно, тоа значи:
- Добивате детални упатства како самостојно да барате сместување
- Добивате линкови до сместувачки капацитети каде веќе сме имале студенти — без обврска да се сместите токму таму
- Кога ќе најдете опција, ни ја праќате — Контекст ја проверува и дава зелено светло пред да ја прифатите
Цената е 15–20 евра дневно, зависно од локацијата. Трошоци на студентот:
- Карта до Германија
- Патничко и здравствено осигурување за 90 дена
- Санитарна потврда — 25–30 евра, онлајн (за работа во ресторани и со храна)
- Евентуален судски превод на потврдата за редовен студент
Нашата работа ја плаќа работодавачот — без провизија за студентот.
процес
Kako функционира?
1
Аплицираш онлајн
Пополнуваш кратка апликација на сајтот. Не трае повеќе од 2 минути.
2
Контекст те контактира
Тимот те контактира во рок од 24–48 часа — разговараме за условите, периодот и достапните позиции.
3
Детална апликација и CV
Ако одговараш за програмата, добиваш линк до детална апликација и помош при подготовка на CV.
4
Документи и договор
По пополнета детална апликација, добиваш изјава за лични податоци и договор за соработка на е-маил.
5
Работодавач, работна дозвола и заминување
Почнува процес на пласирање кај работодавач. Доколку ја прифатиш понудата, се вади работна дозвола — процесот трае 6–8 недели. По добивање на дозволата се резервира сместување, се купува авиобилет, од Контекст се подигнуваат сите документи и студентите се подготвуваат за организирано заминување.
документација
Потребна документација
1
Копија од пасош
Важечки пасош — скенирана копија на главната страна.
2
CV на германски или англиски јазик
Доколку немате готово CV, можете да го генерирате преку нашата апликација.
→ Генерирај CV
3
Потврда за редовен студент
На англиски или германски јазик, целосно печатена, без рачно пополнувани податоци.
⚠️ Без татково име: Доколку потврдата содржи татково име, германските служби го третираат како второ ime (middle name) и очекуваат истото да стои и во пасошот. Ако не е напишано во пасошот, работната дозвола може да биде одбиена.
Доколку факултетот не издава потврда на англиски или германски јазик, обратете ни се за контакт со преведувач или самите однесете ја кај судски преведувач.
4
Формулар Erklärung zur Immatrikulationsbescheinigung
Се пополнува индивидуално и се заверува на факултет во 3 примерока. Погледнете го видеото со инструкции за пополнување.
→ Преземи формулар (PDF)
5
Договор за посредување и изјави за лични податоци
Ги добивате на е-маил по пополнувањето на апликацијата.
Заштита на лични податоци
Сите документи и лични податоци кои ги доставувате во рамки на апликацијата се обработуваат, архивираат и уништуваат во согласност со Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.
прашања
Честo поставувани прашања
Кога почнува и до кога трае програмата?
Програмата се базира на официјалниот летен распуст на вашиот факултет и трае 90 календарски дена. Најчесто студентите почнуваат од 15 јуни или 1 јули. Пријавувањето трае до пополнување на капацитетите — 90% од позициите се пополнети до март.
Дали треба да знам германски јазик?
Јазикот е еден од клучните услови. Зависно од позицијата:
Сервис и директен контакт со гости — потребно Б1/Б2 ниво на германски.
Останати позиции — пожелно А2 ниво на германски. А2 е повисоко почетничко ниво и може да се постигне со редовно учење преку апликации или курс.
Англиски — ако германскиот е послаб, англискиот мора да биде одличен.
Не примаме студенти кои немаат познавања ни од еден од двата јазика.
Контекст нуди курсеви по германски јазик за подготовка пред заминување.
Дали програмата е навистина бесплатна?
Да. Посредувањето при вработување е бесплатно — нашата работа ја плаќа работодавачот. Личните трошоци (сместување, карта, осигурување, евентуален превод) си ги сноси студентот самостојно.
Контекст работи во согласност со
IRIS стандардите за одговорно регрутирање, обезбедувајќи фер, транспарентна и законски усогласена постапка за секој кандидат.
Кој се грижи за сместувањето?
Сместувањето е обврска на студентот, но Контекст помага со наоѓање соодветен сместај преку наши контакти. Цената е 15–20 евра дневно, зависно од локацијата.
До кога треба да аплицирам?
Пријавувањето трае до пополнување на капацитетите. Според искуството, 90% од позициите се пополнети до март, а останатите во текот на април.
Во последните две години имаме работни понуди и до почеток на летото — се додека на нашите социјални мрежи објавуваме слободни работни места, може да се аплицира.
Препорачуваме да аплицирате што порано — најдобрите позиции одат први.
Може ли да работам повеќе од 90 дена?
Не — програмата е ограничена на максимум 90 календарски дена согласно германските прописи. По 90 дена мора да ја напуштите Германија. Ако сакате да работите подолго, постојат опциите за
сезонска работа или
долгорочно вработување преку Westbalkan регулативата.
⚠️ Правило 90/180 дена — задолжително да се знае:
Секој ден поминат во Шенген зона во последните 180 дена се брои во вкупно дозволените 90 дена. Ова значи дека претходни туристички или приватни патувања во Шенген зона може да го намалат дозволениот период за работа во Германија.
Важно: Доколку студентот веќе патувал или планира да патува во Шенген зона пред заминувањето на работа, задолжително треба навремено да ја информира агенцијата Контекст — за да се провери дали има доволно преостанати денови за целиот работен период.