Траење
До 8 месеци
Во рамки на 12 месеци
Повторување
Секоја година
8 месеци таму, 4 дома
Плата
од 13.80 €/час
Точната плата е во работната понуда
Виза
Над 90 дена
До 90 дена — работна дозвола
за програмата
Што е сезонска работа во Германија?
Сезонската работа во Германија преку Kurzzeitige kontingentierte Beschäftigung е можност за кандидати од земји надвор од ЕУ да работат во Германија ограничен временски период — најчесто кога германските работодавачи имаат зголемена потреба од работна сила.
Според Bundesagentur für Arbeit, работата може да биде дозволена до максимум 8 месеци во период од 12 месеци, зависно од работодавачот, државјанството на кандидатот и конкретните услови. Програмата е повторлива — кандидатите можат да се вратат секоја година кај ист или друг работодавач.
Контекст им помага на кандидатите во целиот процес — информирање, проверка на услови, подготовка на документација, комуникација со работодавачот и насоки за легално започнување со работа.
споредба
Разлика од студентска работа
| Карактеристика |
Сезонска работа |
Студентска работа |
| Кој може | Сите кандидати | Само редовни студенти |
| Траење | До 8 месеци | До 90 дена |
| Повторување | Секоја година | Секоја година |
| Виза | Потребна за над 90 дена | Само работна дозвола |
| Придонеси | Пензиско, здравствено, социјално | Само персонален данок |
| Плата | од 13.80 €/час (прецизирано во понудата) | 13.80–15 €/час |
| Посредување | Бесплатно | Бесплатно |
финансии
Придонеси и плата
Платата започнува од минималецот од 13.80 €/час и нагоре — точниот износ зависи од работодавачот, позицијата и локацијата и е прецизно наведен во работната понуда. Некои позиции се платени значително повеќе. За разлика од студентите кои плаќаат само персонален данок, сезонските работници плаќаат целосни придонеси според германското законодавство.
Придонеси кои ги плаќа сезонскиот работник
Пензиско осигурување
~9.3%
Здравствено осигурување
~7.3% + дополнителен придонес
Осигурување за невработеност
~1.3%
Осигурување за нега
~1.8% – 2.4%
Данок на плата
Зависи од даночна класа
⚠️ Наведените проценти се приближни и можат да варираат. Нето платата е пониска отколку кај студентите поради целосните придонеси. Работниот стаж остварен во Германија се признава согласно меѓународните договори.
работни позиции
Сектори и позиции
Угостителство и ресторани
Кафетерии и ресторани за брза храна
Чистење (Gebäudereinigung)
виза и дозволи
Виза и работна дозвола
Кога треба виза, а кога не?
До 90 дена
Потребна е само работна дозвола. Важи правилото 90/180 дена — секој ден поминат во Шенген зона во последните 180 дена се брои. Задолжително известете го Контекст ако сте патувале во Шенген пред заминувањето.
Над 90 дена
Потребна е виза. Процесот се поднесува преку германскиот конзулат, а Контекст ве насочува низ целата постапка — документација, рокови и подготовка.
Заштита на лични податоци
Сите документи и лични податоци кои ги доставувате во рамки на апликацијата се обработуваат, архивираат и уништуваат во согласност со Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.
документација
Потребна документација
1
Копија од пасош
Важечки пасош — скенирана копија на главната страна.
2
CV на германски или англиски јазик
Доколку немате готово CV, Контекст помага при подготовката.
3
Пополнета детална апликација
По кратката апликација и разговорот со тимот, добивате линк до детална Google форма. Ја пополнувате и ни ја праќате заедно со останатите документи.
Заштита на лични податоци
Сите документи и лични податоци кои ги доставувате во рамки на апликацијата се обработуваат, архивираат и уништуваат во согласност со Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.
процес
Kako функционира?
1
Аплицираш онлајн
Пополнуваш кратка апликација на сајтот. Не трае повеќе од 2 минути.
2
Контекст те контактира
Тимот те контактира во рок од 24–48 часа — разговараме за условите, периодот и достапните позиции.
3
Детална апликација и документи
Ако одговараш, добиваш линк до детална апликација. По пополнувањето добиваш изјава за лични податоци и договор за соработка.
4
Работодавач и работна дозвола
Те поврзуваме со работодавач. По прифаќање на понудата, се вади работна дозвола или виза. Процесот трае 6–8 недели.
5
Сместување и заминување
Добиваш упатства за наоѓање сместување. Контекст проверува пред да прифатиш. По резервацијата на сместување се купува авиобилет, се подигнуваат документите и заминувањето е организирано.
прашања
Често поставувани прашања
Кој може да аплицира за сезонска работа?
За разлика од студентската програма, за сезонска работа може да аплицира секој кандидат — без возрасно ограничување и без услов да биде студент. Потребни се основно познавање на германски или англиски јазик и важечки пасош.
Може ли да работам секоја година?
Да — програмата е повторлива. Кандидатите можат да работат 8 месеци во Германија и 4 месеци да бидат дома, па да се вратат следната година. Многу кандидати работат кај ист работодавач повеќе години по ред.
Дали е бесплатно?
Да. Нашата работа ја плаќа работодавачот — без провизија за кандидатот. Личните трошоци (сместување, карта, осигурување, виза ако е потребна) си ги сноси кандидатот самостојно.
Контекст работи во согласност со
IRIS стандардите за одговорно регрутирање — фер, транспарентна и законски усогласена постапка за секој кандидат.
Зошто нето платата е пониска отколку кај студентите?
Сезонските работници плаќаат целосни придонеси — пензиско, здравствено и социјално осигурување. Студентите плаќаат само персонален данок, па нивната нето плата е пропорционално повисока. Предноста на сезонската работа е подолг период и можноста за акумулирање на работен стаж.
Дали работниот стаж од Германија се признава?
Да — работниот стаж остварен во Германија се признава согласно меѓународните договори за социјално осигурување. Придонесите уплатени во Германија можат да се земат предвид при пресметка на пензија.