Траење
До 12 месеци
Зависно од програмата
Виза
Ј-1 виза
Пракса и обука
За кого
Студенти и млади проф.
Зависно од типот на пракса
Спонзор
DGE
Акредитиран од US Dept of State
за програмата
Што е Internship / Training USA?
Internship и Training USA се официјални програми на US Department of State кои овозможуваат на студенти и млади професионалци да стекнат практично работно искуство во Соединетите Американски Држави преку Ј-1 виза.
За разлика од Work and Travel USA каде акцентот е на сезонска работа и патување, Internship / Training е ориентирана кон професионален развој и стекнување конкретни вештини во одредена индустрија или струка. Програмата е идеална за оние кои сакаат меѓународно искуство во своето поле на студирање или работа.
Наш партнер: Dynamic Global Exchange (DGE)
Контекст ја реализира програмата во соработка со DGE — акредитиран американски спонзор одобрен од US Department of State. DGE обезбедува визна документација, осигурување и поддршка за времетраење на целата пракса.
споредба
Internship наспроти Training — која е разликата?
| Карактеристика |
Internship |
Training |
| За кого | Тековни студенти или до 1 год. по дипломирање | Млади професионалци со работно искуство |
| Траење | До 12 месеци | До 18 месеци |
| Фокус | Академска поврзаност со студиите | Професионален развој во струката |
| Виза | Ј-1 Intern | Ј-1 Trainee |
| Работодавач | Компании кои примаат практиканти | Компании кои нудат структуриран тренинг |
области на пракса
Во кои области може да аплицираш?
Hospitality Internship
Пракса во хотели и ресторани — рецепција, услуга, менаџмент. Идеално за студенти по туризам и угостителство.
Management Training
Структуриран тренинг во менаџмент — операции, HR, маркетинг. За млади професионалци со искуство.
Culinary Internship
Пракса во кујна кај американски ресторани и хотели. Идеално за студенти по кулинарство.
Non-Hospitality Internship
Пракса во IT, маркетинг, инженеринг, финансии и други области. Зависно од профилот и достапноста.
Понудите зависат од профилот на кандидатот, јазичното ниво и достапните позиции. Контактирајте не за актуелни можности.
услови
Кој може да аплицира?
За Internship може да аплицира секој кој е тековен студент или дипломирал не подолго од 12 месеци, со директна поврзаност меѓу областа на студирање и практиката.
За Training може да аплицира млад професионалец со најмалку 1 година работно искуство во струката за која аплицира.
И за двете програми потребно е добро познавање на англиски јазик — без исклучоци, бидејќи целата комуникација и работата се одвиваат на англиски.
процес
Kako функционира?
1
Кратка апликација и консултација
Пополнуваш кратка форма. Тимот на Контекст те контактира и разговараме за профилот, искуството и областа на пракса.
2
Подготовка на CV и документи
Подготвуваш CV на англиски јазик. Контекст го насочува процесот и комуникацијата со DGE.
3
Поврзување со работодавач
DGE те мечира со соодветен американски работодавач. Може да следи онлајн интервју пред потврдата.
4
Ј-1 виза преку DGE
DGE обезбедува DS-2019 формулар и целосна визна документација. Закажуваш термин во Амбасадата на САД.
5
Заминување и пракса
По добиена виза, заминуваш во САД и го започнуваш практичното искуство. DGE и Контекст се достапни за поддршка.
прашања
Честo поставувани прашања
Која е разликата меѓу Internship и Work and Travel USA?
Work and Travel е сезонска работа за студенти со акцент на патување и искуство. Internship / Training е програма ориентирана кон професионален развој — пракса во конкретна индустрија, поврзана со студиите или работното искуство. Траењето е подолго и поврзано со конкретна работна позиција или тренинг план.
Дали е потребно работно искуство?
За Internship — не е задолжително, но потребна е директна поврзаност со областа на студирање. За Training — потребно е минимум 1 година работно искуство во конкретната струка.
Колку добро треба да знам англиски?
Добро познавање на англиски е задолжително — без исклучоци. Целата работа, комуникација со работодавачот и секојдневниот живот во САД се на англиски. Кандидати со слабо познавање на англиски не можеме да ги вклучиме во процес.
Колку чини програмата?
Internship / Training USA е платена програма — DGE наплаќа програмска такса за реализација и обезбедување на Ј-1 виза. Студентот самостојно ги сноси и трошоците за авиобилет и осигурување. Точниот износ на сите трошоци го добивате при разговорот со тимот на Контекст.
Дали праксата е платена?
Зависно од работодавачот и типот на пракса. Некои позиции се платени, некои нудат стипендија или покривање на трошоци. Деталите се јасно наведени во секоја конкретна понуда.