Почетна Германија Студентска работа Сезонска работа Долгорочно — Западен Балкан Америка Work and Travel USA Internship / Training Работодавачи Услуги За нас Контакт
BIH BIH GER GER
Аплицирај Personalbedarf melden
Официјална програма на US Department of State

Work and Travel USA 2026

Легална платена работа во Америка за студенти

Работи, патувај и живеј во САД заедно со студенти од целиот свет. Контекст ја реализира програмата во соработка со DGE — акредитиран американски спонзор.

18–26 години Редовни студенти Јуни — Септември + 30 дена патување
Work and Travel USA
Период
Јуни — Септември
+ 30 дена за патување
Услов
18–26 години
Редовни студенти
Виза
Ј-1 виза
Студентска размена
Достапност
20+ години
Програма со долга традиција

Што е Work and Travel USA?

Work and Travel USA е официјална програма на US Department of State, создадена за културна размена и професионален развој на млади луѓе. Преку неа студентите можат да работат легално за време на летниот распуст, да го подобрат англискиот јазик, да стекнат меѓународно работно искуство и да го откријат американскиот начин на живот.

По завршувањето на работниот дел, студентите имаат дополнителни 30 дена за патување низ САД — вистинска можност за авантура и нови искуства.

Наш партнер: Dynamic Global Exchange (DGE)
Контекст ја реализира програмата во соработка со DGE — акредитиран американски спонзор одобрен од US Department of State. DGE обезбедува работни понуди, осигурување, целосна визна документација и поддршка за времетраење на престојот во САД.

Кој може да аплицира?

Редовен студент (додипломски или постдипломски)
Возраст 18–26 години
Основно или добро познавање на англиски јазик
Одговорност, флексибилност и тимска работа
Подготвеност за работа во САД
Важечки пасош

Зошто да учествуваш?

Легална и платена работа во САД
30 дена патување по завршување на работата
Подобрување на англискиот јазик
Меѓународно работно искуство
Запознавање со студенти од целиот свет
Откривање на американската култура

Каде можеш да работиш?

Контекст нуди работни позиции на неколку локации низ САД. Работните понуди вклучуваат сместување и оброци кај повеќето работодавачи.

Block Island
Rhode Island
Ресторани, хотели, бутици, маринa — повеќе од 25 работодавачи. Сместување вклучено кај повеќето.
Кујна и сервис Housekeeping Рецепција Продажба Бариста
Estes Park & Vail
Colorado
Планински ресторани, пивници, барови и продавници во планинска средина.
Кујна и сервис Бармен Продажба Сладолед
Mackinac Island
Michigan
Историски остров без автомобили — кафетерии, продавници, историски паркови. Сместување вклучено.
Кујна Продажба Гостопримство
Naples & Whitefish
Florida & Montana
Луксузни одморалишта — базен, марина, хотелски персонал.
Pool Attendant Housekeeping Ресторан
Работните понуди се менуваат. Контактирајте не за актуелни слободни позиции и детали за секоја локација.

Kako функционира?

1
Кратка апликација на сајтот
Пополнуваш кратка форма со основни информации. Не трае повеќе од 2 минути.
2
Контекст те контактира
Разговараме за достапните позиции, локации и услови. Ако одговараш, добиваш линк до детална апликација.
3
Детална апликација и CV
Пополнуваш детална апликација и CV. Контекст ги проследува до работодавачот и до DGE спонзорот.
4
Интервју и прифаќање на понуда
Работодавачот може да закаже кратко онлајн интервју. По прифаќање на понудата, добиваш потврда за работа.
5
Ј-1 виза преку DGE
DGE обезбедува целосна визна документација. Закажуваш термин за виза во Амбасадата на САД во Скопје.
6
Авиобилет и заминување
По добиена виза купуваш авиобилет. Контекст и DGE те придружуваат со информации до заминувањето и за времетраење на престојот.

Честo поставувани прашања

Колку трае програмата?
Работниот дел трае од јуни до септември, зависно од датумите на летниот распуст на твојот факултет. По завршување на работата имаш дополнителни 30 дена за патување низ САД.
Дали е потребна Ј-1 виза?
Да — за Work and Travel USA е потребна Ј-1 виза за студентска размена. Нашиот партнер DGE обезбедува целосна визна документација. Контекст ве насочува низ целата постапка.
Дали сместувањето е вклучено?
Кај повеќето работодавачи сместувањето е вклучено или обезбедено во близина на работното место — за одредена неделна надомест. Деталите се наведени во секоја работна понуда. Контекст помага со информации за наоѓање сместување таму каде не е вклучено.
Колку чини програмата?
Work and Travel USA е платена програма — американскиот спонзор DGE наплаќа програмска такса за реализација. Ова важи насекаде во светот и е стандардна практика за оваа програма која постои повеќе од 20 години.

Студентот самостојно ги сноси и трошоците за Ј-1 виза, авиобилет и осигурување. Точниот износ на програмската такса и сите трошоци ги добивате при разговорот со тимот на Контекст.
Може ли да се пријавам со пријател?
Да — при аплицирање можеш да назначиш дека се пријавуваш заедно со пријател. Ќе се обидеме да ве сместиме на иста или блиска локација, но тоа зависи од достапните позиции.
До кога треба да аплицирам?
Пријавувањето трае до пополнување на капацитетите. Препорачуваме да аплицирате до крајот на февруари — најдобрите позиции и локации се пополнуваат прво.
Аплицирај сега
Пополни кратка апликација и тимот на Контекст ќе те контактира во рок од 24 часа.
Со испраќање се согласувате со нашата политика за приватност.
✅ Апликацијата е успешно испратена!
Тимот на Контекст ќе ве контактира во рок од 24 часа.
Брзи информации
ПрограмаWork and Travel USA
ВизаЈ-1
ПериодЈуни — Септември
Патување+ 30 дена
СпонзорDGE (US акредитиран)
Програма20+ години традиција
Онлајн инфо сесија
Имаш прашања? Закажи бесплатен 15-минутен разговор со тимот на Контекст.
Закажи термин
Подготвен/а за летото на твојот живот?
Аплицирај сега — најдобрите позиции се пополнуваат до крај на февруари.
Аплицирај Контакт