Сите услуги се наменети за лица кои работат, работеле или планираат да работат во Германија. За секоја услуга — контактирајте не за детали и термин.
Поврат на данок од Германија
Ако сте работеле во Германија, веројатно имате право на поврат на дел од платениот данок. Контекст ви помага со подготовка и поднесување на барањето.
Онлајн
Физички
Контактирај не
Спојување на семејство
Информации и помош при постапката за спојување на семејство во Германија — документација, услови, рокови и комуникација со надлежните служби.
Онлајн
Физички
Контактирај не
Нострификација на дипломи
Насоки и информации за признавање на дипломи и квалификации во Германија — кој орган е надлежен, кои документи се потребни и кои се роковите.
Онлајн
Физички
Контактирај не
Даночен број и даночни класи во Германија
Помош при добивање на даночен идентификациски број (Steuer-ID / Steueridentifikationsnummer) — неопходен за работа во Германија, како и информации и поддршка при изборот и промената на даночна класа (Steuerklasse) и нејзиното влијание врз нето платата.
Онлајн
Контактирај не
Визи и документација
Поддршка при апликации за работна виза, подготовка на документација и насоки за терминот во Амбасадата или VisaMetric.
Онлајн
Физички
Контактирај не
Преводи
Преводи на документи потребни за работа во Германија — потврди, дипломи, извод од матична книга и слично. По потреба и судски заверени преводи.
Онлајн
Физички
Контактирај не
Здравствено осигурување — Barmer
Информации и помош при пријавување во германскиот здравствен фонд Barmer — партнерски фонд на Контекст за кандидатите кои заминуваат на работа.
Онлајн
Физички
Контактирај не
Пензиско осигурување и работен стаж
Информации за признавање на работниот стаж остварен во Германија и пресметка на придонеси за пензиско осигурување согласно меѓународните договори.
Онлајн
Физички
Контактирај не
Административен и HR аутсорсинг за компании во Германија
Контекст презема административни и HR процеси за ресторански и други компании во Германија — од Скопје, на германски јазик. Услугата е наменета за менаџери и сопственици кои сакаат да ги делегираат рутинските административни задачи.
Вклучува: управување со документација и договори, HR административни процеси, дневно и месечно репортирање, систематизација на информации и комуникација со надлежни служби.
Онлајн
На германски
Контактирај не
Employer of Record (EoR)
Контекст нуди EoR услуга за компании кои сакаат да вработат кандидати од Западен Балкан без потреба за основање на локална компанија. Контекст станува официјален работодавач, а клиентот го раководи секојдневната работа.
Покриеност: Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора.
Услугата вклучува: легално вработување, администрација на плата и поддршка за усогласеност.
Во развој
Контактирај не